Во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушување, OOУ”Св.Климент Охридски” се обои во сино.

Денес светот го одбележува 2 Април – Меѓународен ден за поддршка на лицата со аутизам. Да се даде поддршка, да се подобри квалитетот на животот на луѓето кои страдаат од аутизам, борбата против дискриминација, а со тоа и прифаќање на различитостите и целосно вклучување во општеството. Денес ги испраќаме пораките да ги разбереме, прифатиме и да создадеме поинклузивно општество, општество за сите. Дел од нас, дел од нив, да бидеме сите исти под ова сонце, пишуваат од ООУ „Св. Климент Охридски“. 

По повод 2ри Април, Светскиот ден на лицата со аутизам, под мотото „Да ги срушиме бариерите за аутизмот заедно“, нашиот Регионален центар даде поддршка, каде училишниот дефектолог заедно со образовните асистенти и учениците се вклучија во кампањата за поддршка на лицата со аутизам

Се изработи хамер со мотивациони пораки и пораки за подигнување на свеста дека различноста е убава. Основна цел е да изградиме пристапно општество и поддршка во подобрување на животот на лицата со аутизам. .

Неизоставен дел е и борбата против дискриминацијата, славењето на разноликоста на општествата и зајакнување на вложувањето за целосно вклучување на луѓето со аутизам во рамките на општеството